social image
ПЧЕЛАРСКА ОПРЕМА И ПРОИЗВОДИ
Фирмата Нектаркооп е формирана како семејна фирма во 2003год. Во почетокот се определивме за застапништво на реномирани фирми од Србија и БиХ во областа пчеларство. Со постепен развој станавме лидери на пчеларската опрема во Македонија. 

Производство на погачи за прихрана на пчелите

Во 2007 год започнавме производство на погачи за прихрана на пчелите и за кратко време станавме препознатлив бренд во Македонија. Вршиме и продажба на мед, прополис, матичен млеч од нашите пчеларници. Нашите производи се пласирани во Бугарија, Албанија и Косово. Со НЕКТАРКООП до поздрави пчели и поголеми приноси! МЕДНО!!!
ЕНЗИМСКИ ИНВЕРТИРАН СИРУП ЗА ПЧЕЛИ
Збогатен ензимски инвертиран сируп кој се употребува од раната пролет па се додека пчелното семејство не го достигне својот биолошки максимум за првата паша. Овој сируп помага на пчелите полесно да ги градат сатните основи, доколку од природата нема доволно внес на нектар, а воедно ја стимулира матицата на поголемо носење на јајцата.

ИНВЕРТИРАН СИРУП

Со овој сируп многу бргу се создаваат медни венци во плодишта.

ОПРЕМА И ПРИБОР

Располагаме со сета опрема и прибор потребни во дејноста на пчелартсвото.

ИСПОРАКА

Испораката се врши преку Карго Експрес во рок од 1 - 2 дена.